Connect with us

Фудбал

Страшна трагедија ја потресе спортската јавност во Србија: Во сообраќајка загина поранешен фудбалер и тренер на Партизан

Поранешниот фудбалер и тренер на Партизан Миодраг Јешиќ (64) загина во сообраќајна несреќа. Јешиќ загинал во сообраќајна несреќа што се случила на главниот пат Рума-Јарак.

Јешиќ играше од 1980 до 1994 година за Партизан, и турските екипи Алтај и Трабзон.

Поголемиот дел од својата играчка кариера го помина во тимот на црно-белите за кои одигра 148 првенствени натпревари и постигна 13 голови.

Тренерската кариера ја започна недолго по завршувањето на играњето, а работеше во речиси 30 клубови.

Тој, меѓу другите, раководеше со ОФК Белград, Партизан, Литекс, Будуќност, Сараево, а работеше и во Турција, Кина, Либија, Малдиви, Тунис, Иран и Саудиска Арабија, каде во септември го заврши својот последен тренерски ангажман.

Како играч беше шампион на Југославија со Партизан, а како менаџер шампион на Арапската лига со Сфаксиен од Тунис, шампион на Бугарија со ЦСКА Софија, шампион на Либија со Ал Итихад и шампион на Мјанмар со Јангон.

Тој имал ќерка со сопругата Ирена, која исто така загинала во сообраќајна несреќа во 2001 година кога имала само 19 години.