Connect with us

Фудбал

Кој си ти, па да не разговарам со тебе?! Се појави видео, еве ги причините зошто голманот на Интер замина порано дома од Катар (ВИДЕО)

Голманот на Интер Андре Онана во првото коло бранеше за Камерун против Швајцарија на СП во Катар, но по тој дуел, селекторот Сонг го отстрани од репрезентацијата.

Сонг го критикуваше Онана за начинот на кој бранеше, смета дека премногу ризикувал со високото излегување од голот и напуштањето на својот шеснаесетник, а Онана очигледно не сакаше да ја прифати критиката.

Во меѓувреме се појави видео на кое се гледа како Сонг разговара со некого во неговата канцеларија, но како што подоцна се покажа, тоа не бил Онана, туку неговиот брат.

„Го повикав Онана вечерта пред натпреварот, тој не дојде. На тренинзите работи индивидуално, на натпреварите ризикува многу. Го замолив да престане да ризикува, а тој рече дека за тоа не сака да зборува со мене, изјави Сонг.

Онана одговори на Сонг, но преку Твитер.

-Во свет во кој лажењето е најчестата работа, кажувањето на вистината ве прави револуционер. Но, на крајот ќе покаже времето“, одговори Онана, без кој Камерун ремизираше со Србија (3:3) и го победи Бразил (1: 0).

Камерун го заврши натпреварувањето на третото место во групата со четири бода.