Connect with us

Фудбал

На аргентинскиот селектор не му се допадна кога го прашаа за Хрватска: Не сакам да одговорам!

Аргентинскиот селектор Лионел Скалони одржа прес-конференција пред натпреварот со Холандија во четврт-финалето.

Двете селекции ќе се сретнат во петок од 20 часот, а Скалони многу ги цени „лалињата“.

„Холандија е многу избалансиран тим. Сите учествуваат и во нападот и во одбраната. Верувам дека утрешниот натпревар ќе биде многу убав“, изјави Скалони и додаде:

„Ќе видиме како ќе игра Холандија. Навикнати сме нашите противници да доаѓаат со различни тактики. Понекогаш тие само се фокусираат на запирање на Меси. Можеби и ние ќе направиме некои промени“.

Скалони го изнервира прашањето за потенцијалниот ривал во полуфиналето, Хрватска или Бразил.

„Нема да одговорам на тоа прашање. Мораме да ја добиеме нашата игра и ќе видиме што ќе се случи. Не е време да се одговори на ова“, изјави Скалони.