Connect with us

Фудбал

Нов демант од Кристијано Роналдо!

Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо се огласи на социјалните мрежи во врска со тврдењата на медиумите дека се заканил дека ќе ја напушти екипата доколку не биде во стартниот тим.

Португалскиот „Рекорд“објави дека Роналдо се скарал со селекторот на репрезентацијата Фернандо Сантош пред дуелот со Швајцарија, бидејќи не бил во стартниот состав за овој дуел. Капитенот на португалскиот тим наводно се заканувал дека ќе ја напушти репрезентацијата, но подоцна ја променил одлуката.

Роналдо тој меч го започна од клупата за резервни играчи, а Португалија победи со 6:1. Тој во игра влезе во 74. минута. Фудбалскиот сојуз на Португалија застана во одбрана на Роналдо и го демантираше написот на медиумите.

„Ние сме толку силна група што надворешните сили не можат да не разбијат. Ние сме храбра нација за да се плашиме од било кој противник. Ние сме тим во вистинска смисла на зборот, кој до крај ќе се бори за нашиот сон. Верувајте со нас, напред Португалија“, напиша Роналдо на својот Твитер профил.

Португалија во сабота од 16 часот ќе игра против Мароко во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.