Фудбал
Винисиус: Плачев на теренот, во соблекувалната, во авионот, но Бразил ќе се врати посилен и ќе бидеме шампиони во 2026-та
Напаѓачот на Реал Мадрид и Бразил, Винисиус Жуниор верува дека неговата репрезентација ќе се врати на терените посилна по неуспехот на Мундијалот во Катар.
Бразил на Светското првенство 2022 е елиминиран од Хрватска (1:1, 2:4 на пенали) во четврфиналната фаза.
-Плачев на теренот, плачев во соблекувалната, плачев сам во авионот, плачев кога стигнав дома и ќе плачам кога ќе се сетам колку бевме блиску… Тоа беше најлошиот ден во мојот живот. Без сомнение, многу сум тажен. Го напишав овој текст неколку пати, а потоа го избришав. Немам доволно зборови да го опишам разочарувањето, останаа само солзите. Насмевката ја нема, ми треба време повторно да ја најдам. Го сакам фудбалот и ова ќе ми даде нова можност да го одведам Бразил таму каде што навистина заслужува да биде – до врвот. Божјиот план е секогаш повисок од нашиот план. Ќе се вратиме посилни од било кога. Бразил, илјада извинувања. Не успеавме во важен момент и ги разочаравме сите, извинете… Ви благодариме за поддршката и љубовта. Обединет Бразил ќе го освои светот во 2026 година, запомнете го ова, напиша Винисиус на социјалните мрежи.