Connect with us

Фудбал

Бразилците веќе имаат замена за селекторот Тите

Во Бразил речиси никој не се сомнева дека се е готово што се однесува до Тите и дека треба да почнат со нови сили. Медиумите во Бразил велат дека е изневерена довербата на навивачите, кои во економската криза мораа скапо да платат да дојдат во Катар.

Се верува дека челниците на ФС Бразил веќе имаат некакви решенија.

Како главен кандидат за наследник на Тите се споменува 43-годишниот тренер Абел Фереира.

Некогаш ги водеше Б тимовите на Спортинг од Лисабон и Брага, беше на кормилото и на ПАОК од Солун.

Почна да постигнува вистински успех дури по враќањето во Бразил, каде успешно го води тимот на Палмеирас.

Со клубот собра речиси се што можеше, а стигна и до второто место на Светското клупско првенство.