Connect with us

Фудбал

ФИФА го испрати дома судијата Лахос кој го судеше мечот Аргентина-Холандија

Судијата Матеу Лахос беше испратен дома откако го судеше четвртфиналниот натпревар меѓу Холандија и Аргентина.

Во тензичниот меч кој заврши 2:2, а го реши победата на Аргентина на пенали често гледавме речиси физички пресметки меѓу играчите на двете селекции.

Матеу Лахос го собори рекордот на Светското првенство со тоа што подели дури 17 жолти картони, но ФИФА го означи како одговорен за таквото однесување на играчите.

Мислењето на мнозинството е дека Шпанецот слабо ја контролирал играта и несоодветно ги дисциплинирал играчите.

Првото полуфинале меѓу Аргентина и Хрватска (вторник, 20 ч.) ќе го суди Италијанецот Даниеле Орсато.

Судиите на вториот полуфинален натпревар меѓу бранителот на титулата Франција и Мароко се уште не се официјално делегирани.