Connect with us

Фудбал

Не можам да ја „исчистам“ главата од поразот од Македонија, ѕвездата на Интер и Италија не го гледа СП во Катар

Македонија е главниот виновник што селекцијата на Италија ја нема на СП во Катар. Во полуфиналниот бараж меч Македонија приреди шокантен пораз на италијанската селекција среде Торино со голот на Александар Трајковски во 93-тата минута.

Една од најголемите ѕвезди на Италија, член на Интер, Николо Барела во интервју за Газета дело Спорт тврди дека не ги гледа мечевите на СП во Катар. Како што вели тој, се уште не можел да ја исчисти главата од поразот од Македонија.

-Не го гледам Светското првенство, не знам како ќе се чувствувам. Не можам да си ја „исчистам“ главата од тоа големо разочарување со Македонија. Велат теренот секогаш говори, но за мене резултатот беше неправеден. Овој пат бевме ние, следниот пат ова може да му се случи на некој друг, но мислам дека европскиот првак или шампионот на Јужна Америка секогаш треба да игра на Светско првенство, изјави Барела за „Газета дело Спорт“.