Фудбал
Дали Аргентинците се занесоа во прославата, фрлија дрес на Хрватска во канта за ѓубре?! (ВИДЕО)
Аргентина со убедливи 3:0 ја совлада Хрватска и обезбеди финале на СП во Катар. Ден подоцна социјалните мрежи „горат“. Имено, се појави видео од соблекувалната на Аргентинците како пеат и слават за пласманот во финалето. Сепак, еден детаљ ги налути љубителите на фудбалот, особено оние од Хрватска. При оваа еуфорија еден од нив фрли дрес во канта за ѓубре, а медиумите тврдат дека тоа е дрес на Хрватска разменет со играчите по означувањето на крајот на мечот.
@paulodybala VAMOS ARGENTINAAAAA 💙💙💙💙#fyp #argentina #worldcup ♬ sonido original – Paulo Dybala