Connect with us

Фудбал

Лоши вести од Италија, Синиша Михајловиќ е во тешка состојба

Здравствената состојба на Синиша Михајловиќ, познат фудбалер и тренер е влошена.

Италијанските медиуми претходните денови пишуваа дека Михајловиќ, кој подолго време се бори со леукемија, е во стабилна состојба, но последните информации говорат дека околностите се промениле на полошо.

Засега никој од неговото семејство не се огласил.

Да потсетиме, болеста на Михајловиќ му беше дијагностицирана кон средината на 2019 година, успеа да се врати на тренерската работа во Болоња, но потоа повторно мораше да оди на терапија.

Михајловиќ работеше во Болоња до 6 септември годинава, кога беше раскинат договорот.