Connect with us

Фудбал

Официјално: Најголемиот светски талент потпиша за Реал Мадрид, „Кралевите“ одвоија вистинско богатство

Бразилскиот фудбалер Ендрик потпиша договор со Реал Мадрид, потврдија од шпанскиот тим.

Талентираниот 16-годишник ќе остане во Палмеирас до летото 2024 година, кога ќе биде доволно возрасен да дојде во Мадрид.

Како што објави Фабрицио Романо, Реал ќе плати 35 милиони евра како обештетување, 25 милиони преку бонуси, додека уште 12 ќе одат на данок.

Фудбалерот потпиша договор до летото 2027 година со опција за продолжување на уште три. Деновиве со семејството треба да го посети и Мадрид, односно тренинг центарот на Реал.

За него се интересираше и Пари Сен Жермен, шампионот на Франција понуди 58 милиони евра, а челниците на Палмеирас решија да го продадат младиот фудбалер на Реал.

Ендрик одигра седум натпревари за првиот тим на Палмеирас и постигна три гола.

Поранешниот бразилски репрезентативец Роналдо побара од селекторот на оваа земја Тите да го однесе Ендрик на Светското првенство во Катар.