Connect with us

Фудбал

Само да не е Хрватска, Вучиќ: Ќе навивам за Мароко, тие се наши вистински браќа

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ прашан од тамошните медиуми за кого ќе навива во финалето, рече не знае, но знае за кого ќе навива во борбата за третото место.

„Не знам за кого ќе навивам во финалето, знам за кого ќе навивам во мечот за третото место – за Мароко, тие се нашите вистински браќа, кои никогаш нема да го признаат независно Косово. Тие имаат проблем со Западна Сахара. Сега ќе ми кажеш дека целиот Нови Пазар го поддржува Мароко, а јас да кажам дека нема да ги поддржам затоа што се муслимани? Па, тие се наши браќа, пријатели“, изјави претседателот на Србија.

Тој откри дека ниту во полуфиналето не навивал за Хрватска.

„Го почитувам сите, одете во Хрватска на море, јас нема да одам. Навивајте за Хрватска, колку ве има 11/12%, јас нема да навивам. Им честитам за одличниот успех, но јас навивав за Аргентина, вели Вучиќ.