Фудбал
Трагедија: Почина Синиша Михајловиќ
Газета дело Спорт објави дека Синиша Михајловиќ починал. Ја загубил битката со леукемијата. Тој подолго време се бореше со оваа болест, пред извесен период беше подобро, но повторно му се влоши состојбата. Италијанските медиуми вчера објавија дека состојба на Михајловиќ е лоша, а предмалку Газета дело Спорт објави дека ја загубил најважната битка во животот. Михајловиќ е славен фудбалер, играше за Црвена Звезда со која во 1991 заедно со Панчев и Најдоски освоија европска, а подоцна и светска клупска круна. Беше дел од Лацио, Интер, а играше за репрезентациите на Југославија, а по распадот за Србија.