Connect with us

Фудбал

Светот се простува од Синиша Михајловиќ, замина кралот на слободните удари (ВИДЕО)

Од Италија пристигна тажна вест дека на 53-годишна возраст починал Синиша Михајловиќ. Ја загубил битката со леукемијата. Светот се простува од славниот поранешен фудбалер, кој може да се каже дека имал и солидна тренерска кариера. Михајловиќ ќе остане запаметен по неговите пред се слободни удари. Па поради тоа заслужено го нарекуваа „кралот на слободните удари“.