Фудбал
Бензема нема да се врати во тимот на Франција, испрати порака до Дешам: Не сум заинтересиран!
Францускиот напаѓач Карим Бензема нема да се врати во селекцијата на оваа земја за финалето на Светското првенство.
Во последните неколку дена во француските медиуми се споменуваше како можност, но Бензема со порака на социјалните мрежи ги отстрани сите сомнежи.
„Не ме интересира“, напиша напаѓачот на Реал во описот на фотографијата.

Со тоа тој алудираше на можно враќање пред мечот со Аргентина. Бензема е очигледно незадоволен што не доби покана да се врати откако се опорави од повредата на квадрицепсот.
Во меѓувреме вирусот влезе во францускиот табор, пет играчи го пропуштија тренингот, а според француските медиуми Дешам побарал Бензема да се врати и ова е неговиот одговор.