Connect with us

Фудбал

Ова веќе е претеризам, Аргентинците запалија ковчег со ликот на Мбапе (ВИДЕО)

Аргентинските навивачи дефинитивно не знаат до каде е границата! Тие го искористија славјето по повод освојувањето на титулата на Светското првенство за што повеќе да ја навредат ѕвездата на францускиот тим Килијан Мбапе.
Страстите прво ги разгоре голманот на „гаучосите“ Емилијано Мартинез, кој во соблекувалната побара од соиграчите минута молчење за младата ѕвезда на ПСЖ, а капитенот на тимот продолжи да го навредува за време на прославата.
Сега на социјалните мрежи се појави шокантно видео на кое Аргентинците палат ковчег со ликот на Мбапе…