Connect with us

Фудбал

Уште еден клуб го одбил Роналдо- „Имам чувство дека е понуден на сите во ЛШ“

Сагата околу судбината на Кристијано Роналдо не завршува ниту по Мундијалот, напротив сега е се покомплицирана.

Сите зборуваа за понуда од Саудиска Арабија која ќе ги сруши сите познати финансиски рекорди во светот на фудбалот, а во меѓувреме се појави една интересна информација.

Директорот на Ајнтрахт Франкфурт, Аксел Хелман откри дека Кристијано Роналдо бил понуден на неговиот клуб, а еден од челниците на германскиот тим, Филип Холцер, најверојатно несвесно го „боцнал“ Роналдо со својата изјава.

-Имам впечаток дека Роналдо беше понуден на секоја екипа која игра во нокаут рундата од Лигата на шампионите, вели тој.

Познато е дека Роналдо има опсесија до крајот на кариерата да освои барем уште една титула во Лигата на шампионите, но на 37 години е тешко да се најде клуб кој би му помогнал во тоа.