Connect with us

Фудбал

„Марка“ објави неверoјатни податоци, Роналдо ќе добие 1,4 милијарди евра во Саудиска Арабија, ако се согласи на таков договор

Како што беше претходно познато, Саудискиот тим Ал Наср подготви две и пол годишен договор за Роналдо вреден 200 милиони евра по сезона, но денес „Марка“ објави нови податоци кои се навистина неверојатни.

Имено, Роналдо со Ал Наср ќе потпише седумгодишен договор. Во првите две и пол години Роналдо ќе биде играч, а остатокот од договорот ќе биде амбасадор на Саудиска Арабија во обид да ја добие организацијата на Светското првенство во 2030 година.

Според Марка, Роналдо за играчкиот дел од кариерата ќе добива по 200 милиони евра по сезона, додека за амбасадорската улога ќе добива повеќе пари.

Тоа значи дека Роналдо играјќи за Ал Наср ќе инкасира 500 милиони евра, а потоа од Саудиска Арабија како амбасадор ќе добие најмалку 900 милиони евра или вкупно најмалку 1,4 милијарди евра.

„Марка“ наведува дека трансферот би можел да биде официјализиран уште денеска.