Connect with us

Фудбал

Халанд реди рекорди (ВИДЕО)

Гостувањето на Манчестер Сити кај Лидс долго се чекаше, но навивачите на Еланд Роуд нема да го паметат по добро.

Во средбата од 17. коло на Премиер лигата, Сити победи лесно со 3:1 (1:0) и со тоа ја продолжи трката за титулата со Арсенал.

Најдобриот стрелец на Премиер лигата Ерлинг Халанд и по пауза од еден ипол месец продолжи да ги „решета“ противничките мрежи.

Не беше на Светското првенство во Катар, можеше добро да се одмори, но сериозно го сфати овој натпревар и го покажа својот голгетерски инстинкт.

Бројките се нереални – Халанд постигна 45 гола на 42 натпревари во годината.

Во дресот на Сити на  20 натпревари, постигна  дури 26, од кои 20 во Премиер лигата.

Така стана фудбалер човек кој најбрзо стигнал до првите 20 првенствени голови на Островот и тоа за само 14 натпревари!