Connect with us

Фудбал

Бууум-Роналдо и Рамос повторно заедно?!

Фудбалскиот клуб Ал-Наср не го сака само Кристијано Роналдо, туку и неговиот поранешен соиграч – Серхио Рамос!

Шпанска Марка пишува дека амбициозните сопственици на арапскиот клуб сакаат да го доведат поранешниот капитен на Реал Мадрид и актуелен стопер на Пари Сен Жермен.

Рамос има договор со парижаните до 30 јуни, па практично од летото е слободен да избере нова средина.

ПСЖ најверојатно нема да се обиде да му понуди нов договор, бидејќи Рамос на лето ќе наполни 37 години и се чини дека е дојдено време да се повлече од најголемата сцена.

Тоа нема да го спречи да оди во лига како онаа во Саудиска Арабија, да земе уште еден силен договор како Роналдо.

Што се однесува до Роналдо, се е пред официјализирање веднаш по Нова година, па многу е можно Португалецот и официјално да биде член на Ал-Наср од 1 јануари.

Пред само неколку дена, светските медиуми објавија дека цел на Ал Наср бил и Нголо Канте од Челзи, кој исто така во јуни ќе биде слободен играч.