Connect with us

Фудбал

Бууум, историјата почна да се пишува, клубот потврди, Кристијано Роналдо потпиша (ФОТО)

Кристијано Роналдо и официјално е нов играч на фудбалскиот клуб Ал Наср од Саудиска Арабија. За она што се пишуваше во изминатите денови, сега стигна потврда од самиот клуб, кој порача дека со ова почнуваат да испишуваат историја. Според информациите Роналдо потпишал до 2025-та годона. Финансиски детали не се познати но уште од пред неколку дена “Марка” објави дека Роналдо ќе се согласил за неверојатни 200 милиони евра по сезона. Воедно беше објавено дека Ал Наср му нуди 7 годишен договор, од кои првите две години ќе биде фудбалер, а пет ќе биде амбасадор и промотор на Саудиска Арабија за добивање на организацијата на СП во 2030-та година. Целиот износ кој роналдо би го добил е 1, 5 милијарди евра.