Connect with us

Фудбал

Скандал поради Роналдо, фудбалер одбил да ја даде „седумката“, клубот му врачил отказ?! (ФОТО)

Во изминатите неколку дена сите погледи беа насочени кон Кристијано Роналдо, кој потпиша историски договор.

Тој е новиот играч на Ал Наср со кој потпиша договор на две години. Иако многумина го очекуваа во Реал Мадрид, Кристијано не можеше да одбие многу профитабилен договор.

Познато е дека Роналдо сака да го носи бројот седум на дресот, а во Саудиска Арабија тој број не го доби така лесно.

Имено, фудбалерот Јалодин Машарипов не сакаше да му ја даде „седумката“ на Роналдо, поради што клубот ја прекина соработката со него.

Споменатиот фудбалер прво го смени својот број на 77, а по доаѓањето на Роналдо беше донесена одлука да му врачи отказ поради преголемиот број странци во тимот.