Connect with us

Фудбал

Спектакл во најава, Меси против Роналдо, уште еднаш пред крајот на јануари?!

Двајца фудбалери кои ги одбележаа последните две децении се во различни фази од својата кариера.

Во текот на зимата, Меси го освои Светското првенство со Аргентина, „божицата“ беше единственото нешто што му недостигаше во кариерата – многумина веруваат дека со негова победа заврши дебатата за тоа кој е најголем во историјата на оваа игра. Од друга страна, Кристијано имаше турбулентен период. Португалецот го загуби местото во стартниот тим на Тен Хаг во Јунајтед, а потоа следуваше контроверзното интервју со Пирс Морган, кое дефинитивно стави крај на неговиот втор мандат во Манчестер. Ниту Мундијалот не беше подобар, на клупата го пресели и Сантош. Следеше преселба во Ал-Наср, а Роналдо за возврат го доби најголемиот договор во историјата на фудбалот.

Но, како и да е, барем уште еднаш ќе ја видиме пресметката на двајца од најдобрите на теренот. И тоа на крајот на јануари.

Станува збор за натпреварување во Саудиска Арабија наречено Куп на сезоната во Ријад. Комбинираниот тим на Ал-Наср и Ал-Хилал ќе игра против француски ПСЖ!

Натпреварот беше договорен минатата година, но беше одложен поради ситуацијата со КОВИД. Средбата во Ријад веројатно ќе биде последна на која Роналдо и Меси беа на спротивставени страни.