Фудбал
Не сум ви јас Алекс Фергусон или Венгер-за Гвардиола новиот договор со Сити е само парче хартија!
Пеп Гвардиола неодамна потпиша нов договор со Манчестер Сити, кој ќе биде со важност до 2025 година, но ако навивачите на „граѓаните“ очекуваат тој да остане толку долго за да изгради династија – тие се во голема грешка.
Гвардиола не сака да биде врзан за долгорочни проекти и затоа најчесто потпишуваше краткорочни договори, додека сега им порача на газдите и навивачите на Сити да заборават дека ќе биде тука исто толку време колку Алекс Фергусон во „црвениот“ дел на Манчестер.
Познато е дека Фергусон го водеше Јунајтед од 1986 до 2013 година и со каков успех, додека на Гвардиола ни најмалку не му паѓа на памет дека ќе остане толку долго на „Етихад“.
“Колку долго ќе останам? Додека не почувствувам дека нешто не е во ред или дека не сакам повеќе да бидам тука. Потоа ќе дадам отказ. Знаете, јас не сум ваш Фергусон или Венгер за да останам на истото место 20. години“, рече тој.
„Точно е, неодамна го продолжив договорот со Сити, но за мене тоа е само парче хартија. ”
Да потсетиме, Гвардиола (51) е во Манчестер Сити од 2016 година и со овој клуб освои четири титули во Премиер лигата, четири Лига купови и еден ФА Куп, додека и самиот призна дека неговиот мандат „нема да биде целосен“ доколку не им го донесе на „граѓаните“ првиот трофеј во историјата на Лигата на шампионите. Тој беше блиску во летото 2021 година, но беше поразен во финалето од Челзи.