Фудбал
Го имаме најголемиот трансфер во историјата на Премиер лигата: Аргентинец се сели во Лондон за неверојатна сума
Готово е! Енцо Фернандез е најскапиот играч во историјата на Премиер лигата, а Бенфика уште еднаш покажа како се прави бизнис и се „вади“ пари од богатите клубови. Лондонски Челзи, како што наведува британски „Дејли мејл“, се согласил да префрли 127.000.000 евра на сметката на португалскиот клуб за аргентинската сензација и најдобриот млад играч на Мундијалот.
Огромната сума што „сините“ ќе ја одвојат за младиот играч на Бенфика го собори досегашниот рекорд на најскап трансфер што го држеа Џек Грилиш и Манчестер Сити кога напаѓачот пристигна од Астон Вила за 118.000.000 евра. Фернандез ги убеди новите сопственици на Челзи со своите извонредни игри на Светското првенство да издвојат огромни пари за 21-годишниот фудбалер.