Connect with us

Фудбал

Бенфика од Челзи одбила 90 милиони евра и тројца играчи за најдобриот млад фудбалер на СП во Катар

Лисабонската Бенфика ја одби понудата на Челзи од 90 милиони евра и тројца играчи – Хаким Зијеш, Датра Фофана и Андрај Сантос – за Енцо Фернандеш. Фернандеш неодамна со Аргентина ја освои титулата на Светското првенство во Катар.

Фудбалерот на Бенфика е прогласен за најдобар млад играч на Светското првенство во Катар.

Одредени португалски медиуми објавија дека преговорите помеѓу Бенфика и Челзи пропаднале, бидејќи двата клуба не можеле да се договорат за обештетувањето на аргентинскиот фудбалер.

Бенфика не сака да го продаде Фернандеш за помалку од 120 милиони евра, а Челзи наводно понудил 85 милиони евра.

„Рекорд“ наведува дека Бенфика ја одбила последната понуда на лондонскиот клуб од 90 милиони евра и тројца играчи Зијеш, Фофана и Сантос за Фернандеш.

Во 2020 година, Челзи на Ајакс му плати 40 милиони евра за Зијеш. Во тимот на „Стемфорд Бриџ“ дојде Фофана од Молде, а Сантос од Васко де Гама.

“Атмосферата на состанокот беше многу напната. Претставниците на Бенфика очекуваа дека Челзи ќе ја зголеми понудата, но тоа не се случи. Бенфика има јасен став – 120 милиони евра, колку што е отштетната клаузула за Фернандеш и ни цент помалку ,Челзи понуди помала сума и тројца играчи, Бенфика не се согласи на тоа и зделката пропадна“, пишува „Рекорд“.

Фернандеш ќе наполни 22 години на 17 јануари. Тој пристигна во Бенфика во летниот преоден рок од Ривер Плата за 14 милиони евра и 25 отсто од идниот трансфер.