Connect with us

Фудбал

Братот на Мбапе го „уби“ Лионел Меси со погледот (ФОТО)

По заслужениот одмор по освојувањето на Светското првенство, Лионел Меси се врати на клупските обврски.

Прославениот Аргентинец ги помина новогодишните празници во својата земја, добро се одмори, а подготвен е за нови предизвици со клубот. Тој вчера се појави на тренингот на ПСЖ, а сите забележаа еден детал, кога клубот му организираше шпалир.

Имено, додека минуваше покрај соиграчите, братот на Килијан Мбапе, Итан, не се радуваше да го види, па го „уби“ со погледот.

Да потсетиме, во финалето на Светското првенство во Катар, Аргентина ја совлада Франција по изведувањето пенали.

Колку за потсетување, Итан Мбапе има 16 години и дебитираше за првиот тим на ПСЖ на пријателска средба во декември месец минатата година.