Connect with us

Фудбал

Циркус на „Енфилд“ – ВАР немаше камера да потврди офсајд, асистентот е единствениот во светот кој ја знае вистината (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул и Вулверхемптон ремизираа 2:2 и ќе одиграат реприза од првото коло од ФА Купот, но овој меч ќе остане во сенка на неверојатна судиска одлука.

Во финишот на натпреварот Вулвс постигна трет гол, но истиот беше поништен поради офсајд позиција. Сепак, она што ни го прикажаа на ТВ екраните, јасно е дека не беше ниту офсајд ниту ситуацијата која всушност се проверуваше.

Стрелецот на голот не беше во недозволена позиција, но се чини дека топката му се врати на Матеус Нунес, кој во тој момент се враќаше од недозволена позиција.

Она што е особено трагикомично – ниту една камера на „Енфилд“ не можеше графички да провери дали помошниот судија бил во право во оваа ситуација.

Сè на сè, ВАР е воведен за да не се повторуваат вакви ситуации, имаат десетици камери, но неуспесите се уште постојат. За се да биде уште посмешно, никој никогаш нема да може да провери на видеото дали Нунес бил активиран од офсајд по корнерот и кога топката му се вратила во посед.