Connect with us

Фудбал

Велеше дека Роналдо е купен поради повеќе лајкови, а сега ќе мора да замине од клубот, Абубакар е слободен, за да биде регистриран Роналдо

Напаѓачот на Ал Наср пред извесно време изјави дека Роналдо е купен поради маркентиншки трик и повеќе „лајкови“ и дека Португалецот откако ќе дојде во саудискиот клуб ќе биде на клупата. Абубакар тогаш велеше дека тој е во подобра форма. Но, сега ќе мора да го напушти клубот. Имено, како што пишува тамошниот весник „Ал Ријад“, а пренесен од многу светски медиуми, управата на Ал Наср решила да го раскине договорот со Абубакар, за да може да го регистрира Роналдо, бидејќи во тимот има премногу страници.

Камерунецот од 2021 година е во Ал Наср, а на 32 меча постигна 12 голови. Тој беше прва ѕвезда на тимот, но сега има нова, а тоа е Роналдо.

Според порталот „Goal.com“ Абубакар би можел да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед, бидејќи е слободен и без обештетување може да заигра. На Тен Хаг му треба класичен напаѓач, откако замина Роналдо,  а се чини дека Абубакар е солидно, но и евтино решение со оглед на тоа дека е сред сезона. Пред Ал Наср, Абубакар играше за Порто, Бешикташ, Лориен…