Фудбал
Ма, какво дерби, Манчестер Сити се “играше” со Челзи (ВИДЕО)
Она што требаше да биде најголемото дерби од третото коло на ФА Купот се претвори во „игра на мачка и глушец“.
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливо со 4:0 го совладаа тимот на Челзи и со тоа се пласираа во четвртото коло од најстарото фудбалско натпреварување во светот.
Греам Потер долго ќе ја памети тактичката лекција што му ја одржа Пеп Гвардиола, се беше решено во првите 45 минути кога „граѓаните“ веќе водеа со три гола разлика.
Ријад Махрез го отвори водството на домашните со фантастичен слободен удар во 23. минута, а Хулио Алварез седум минути подоцна од пенал ја удвои предноста на својот тим.
Одлична тимска акција во 38. минута ја круниса Фил Фоден со гол по додавањето на Вокер, па тогаш веќе беше јасно дека Челзи тешко ќе го избегне поразот.
Ерлинг Халанд го дочека натпреварот од клупата, но Сити можеше и без него, Ријад Махрез во 85. минута со гол од пенал го постави конечниот резултат.