Connect with us

Фудбал

Па, што правеа Савиќ и Торес, момент од мечот во Мадрид поради кој фудбалскиот свет е шокиран (ВИДЕО)

Барселона со голот на Дембеле славеше со 1:0 во дербито против Атлетико одиграно во Мадрид. Беше ова меч полн со тензии, шанси, добар фудбал. Но, еден момент фрли црна дамка. Вакви фудбалски ѕвезди, кои треба да бидат пример за многу тинејџери кои допрва треба да зачекорат во професионалноиот фудбал, ова не смееја да го прават. Стефан Савиќ и Феран Торес како да заборавија дека се на фудбалски меч, на дерби, па во финишот на мечот се фатија да се борат, како да се на ММА борба, а не на фудбалски меч. Со оглед на тоа дека на спротивниот дел на теренот играта беше активна, на реакција на помошникот, главниот судија им покажа директен црвен картон на двајцата и ги испрати во соблекувалната. Со право, вакви моменти се недозволиви на фудбалски терен.