Фудбал
Португалија и официјално има нов селектор кој порачува: Кристијано Роналдо заслужува поголема почит
Роберто Мартинез, кој претходно беше селектор на Белгија и официјално е назначен за нов селектор на селекцијата на Португалија. По завршувањето на Мундијалот во Катар, каде оваа селекција не се прослави, Сантош заработи отказ, а негов наследник е Мартинез.
Новиот селектор на Португалија порача:
-Кристијано Роналдо заслужува поголема почит за сето она што го направил во минатото, вели Мартинез.
Ова сигурно е најава дека Роналдо ќе биде во составот на оваа селекција за ЕУРО 2024-та, иако се сметаше дека тој завршил со селекцијата.