Фудбал
Интер 75 минути не шутна на гол, а потоа пресврт, каков гол му даде дефанзивецот на легендата Буфорн (ВИДЕО)
Интер се налеше во осминафиналето во Купот на Италија против второлигашот Парма. Иако имаше поголем посед на топка, сепак до 75-тата минута избраниците на Симоне Инзаги не упатија ниту еден удар кон голот на противникот. Парма дури поведе со прекрасниот гол на Јуриќ, а овој резултат беше актуелен се до 88-та минута. Инзаги направи неколку измени по 60 минути игра. Во игра влегоа Беланова, Џеко, Димарко, а нешто подоцна и Дармијан и Ачерби, па Интер заигра подобро. Гол за израмнување следеше во 88-та минута преку Лаутаро Мартинез, па мечот отиде во продолженија.
Таму Парма имаше свои шанси, но и Интер, кој искористи една. Дефанзивецот Ачерби го лобуваше легендарниот Буфон со глава и тоа надвор од шеснаесетникот. Реакцијата на лицето на Буфон доволно говори и како да не можеше да поверува од која дистанца прими гол со удар со глава. Интер со оваа победа се пласираше во четвртфиналето на Купот на Италија.