Connect with us

Фудбал

Нов пораз на Челзи, какво неславно деби на Жоао Феликс доби црвен картон (ВИДЕО)

Фулам го совлада Челзи со 2:1, во заостанат меч кој требаше да се одигра во рамките од 7.коло. Ова е трет меч во низа за Челзи без победа во Премиер лигата, а доживеаја и елиминација во ФА Купот.

Иако се покажа солидно на теренот, сепак Жозао Феликс нема да го памети по добро дебито за Челзи. Во вториот дел заработи црвен картон при еден старт.

Инаку, стрелци на головите за Фулам беа Вилијан вп 25-та и Карлос Винициус во 73-ма, а Кулибали стрелаше за Челзи во 47-ма.