Connect with us

Фудбал

Миовски погоди против големиот Ренџерс, но на крајот…(ВИДЕО)

Македонскиот репрезентстивец Бојан Миовски постигна гол против големиот Глазгов Ренџерс во полуфиналето на Купот на Шкотска, но на крајот неговиот тим Аберден доживеа пораз од 2:1 по продолженија.

Миовски во 17-та минута погоди, но голот му беше поништен поради офсајд. Сепак, во 41-та мангупски се извлече од офсајд, ја остави топката на  Кенеди, кој потоа му асистираше на Миовски за 0:1. Ренџерс израмни во 61-та преку Џек, а во 93-та Стјуард заработи црвен картон, па во продолженијата Аберден играше со играч помалку. Тоа го искористи Ренџерс па со гол во четвртата минуга од продочженијата преку Руф поведе со 2:1, а тоа беше конечен резултат. Миовски ги одигра 90-те минути, а во продолженијата, во првата минута беше сменет.