Фудбал
Дали дојде време за титула, Арсенал гази, го совлада и Тотенхем за плус 8 (ВИДЕО)
Арсенал игра одлично оваа сезона. Во денепното дерби како гостин го совлада Тотенхем со 2:0. Во 19-та минута Лорис ја смести топката во сопствената мрежа, а Одегард во 36-та ги постави конечните 0:2.
Ова е 15-та победа за тимот на Микел Артета сезонава, а има само 2 нерешени меча и еден пораз, оној од Манчестер Јунајтед во септевмри минатата година. На првото место во моментов се сами со 47 бодови, осум повеќе од Сити, кој е втор, а девет од Њукасл и Манчестер Јунајтед.