Connect with us

Фудбал

Не сакавте да платите, е сега…Како поранешниот тим на новата ѕвезда на Наполи го „трола“ Јувентус (ВИДЕО)

Поранешниот тим на Кварацхелија, Грузиецот кој игра фантастично во дресот на Наполи и е еден од најзаслужните за тоа што овој тим е лидер во Серија А, Рубин Казан го „трола“ Јувентус на социјалните мрежи. Тие објавија видео монтажа од Кварацхелија во дрес на Јувентус, а веднаш потоа како на теренот постигнува голови за Наполи токму на мечот против „Старата дама“.

Со ова сакаа да им порачаат каков фудбалер пропуштиле бидејќи во 2021 година не сакале да платат 20 милиони евра.