Фудбал
Комедии во италијански тим, го отпуштија тренерот пред два дена, сега го вратија!
Давиде Никола, сепак, ќе продолжи да го води тимот на Салернитана. Газета дело Спорт објави дека само 48 часа откако му бил врачен отказ, по катастрофалниот пораз од Аталанта од 8:2, првиот човек на клубот Данило Иерволино му се јавил на тренерот и му кажал дека одлуката за негов отказ е повлечена. Според Газета дело Спорт, Иерволино ваквата одлука ја донел откако разговарал со тренерите и фудбалерите на тимот.
„Вчера ми се јави претседателот Данило Иерволино и ми ја објасни својата одлука зошто ме разреши поради поразот за кој јас ја презедов целосната одговорност бидејќи јас сум единствениот виновен за тоа. Го замолив да ја преиспита својата одлука иако знаев не му беше лесно бидејќи верувам во овој клуб и овој проект, вели Давиде Никола.