Фудбал
Што се случува со Вардар, фудбалерите велат без пари нема тренинзи!
Се чини дека работите во ФК Вардар се далеку од добри. Како што пишува Вардар фанс, плати нема, а фудбарите порачале без пари нема ниту тренинзи.
Еве што пишува Фардар Фанс.
И како навивачите на Вардар и фудбалерите да веруваат во овие зборови од газда Слободан , после сите лаги и измами кои им ги сервираа во минатото со нови газди од Катар од Турција и да не ги редиме понатаму, оти глава почнува да боли.. 10-ти јануари и наводната официјализација или што и да било планирано со новите сопственици не се случи, еве помина и осмиот ден од таа информација, а останува се исто, само приказни и ветување со зборовите почекајте… Ајде навивачите на клубот ќе почекаат, но секако дека фудбалерите еден по еден ќе почнуваат да си бараат чаре.