Фудбал
Интер фуриозно преку Милан до нов пехар во Супер купот на Италија (ВИДЕО)
Интер втор пат едноподруго го освојува пехарот во Суперкупот на Италија. Вечерва во Ријад, Саудиска Арабија, каде што се играше мечот, славеше со убедливи 3:0 против Милан.
Димарко во 10-та и Џеко во 21-ва му донесоа предност на Интер, резултат со кој заврши првиот дел во кој Милан речиси и да не направи ништо.
Во второто полувреме Милан заигра нешто подобро, имаше неколку удари, но речиси ниту една 100 процентна шанса, освен онаа на Ребиќ во последните моменти од мечот кога ја погоди пречката.
Точка на мечот стави Лаутаро Мартинез со прекрасен гол во 77-ма минута. Интер со ова го одбрани освоениот пехар освоен минатата година кога беше подобар од Јувентус со 2:1.