Connect with us

Фудбал

ТРАГЕДИЈА: Загина поранешен играч на Тотенхем, имаше само 25 години!

Трагичната вест дојде од Флорида каде животот го загуби Антон Вокс (25), поранешен играч на Тотенхем. Вокс беше пронајден без знаци на живот откако два чамци се судрија во близина на пристаништето во Мајами. Брзата помош се обидела да го реанимира, но за жал можеле само да констатираат смрт.

Вокс помина низ школата на Тотенхем, играше за јуниорските категории и Б тимот на овој клуб, а во Англија играше и за Портсмут.

„Длабоко сме погодени од веста за смртта на нашиот поранешен фудбалер, Антон Вокс. Мислите на сите во клубот се со неговото семејство и пријателите во овој неверојатно тажен момент“, соопшти Тотенхем.

Додека беше член на Тотенхем, на 20 години замина на позајмица во Атланта, а по две сезони во Портсмут, во јануари 2020 година повторно пристигна во овој клуб, овој пат како слободен играч. Најмногу искуство стекна играјќи во МЛС, а по Атланта пристигна во Шарлот во декември 2021 година.