Фудбал
Каква драма на натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Тотенхем, 0:2 на полувреме, ама на крајот… (ВИДЕО)
Манчестер Сити го совлада Тотенхем со 4:2 и тоа преку пресврт во супер интересен меч.Мрежите мируваа до 45-та минута, кога Едерсон прави огромна грешка кога се обидува да ја започне акцијата од последната линија.
Испрати пас до Родри кој не можеше да застане и да ја прими топката, стигнува до Дејан Кулушевски, кој носи предност на гостите.
Нешто повеќе од две минути подоцна, на семафорот стоеше 0:2 кога топката среќно се одби до Емерсон, кој ја затресе мрежата на бразилскиот голман.
Но, како што често се случува со Тотенхем, тие повторно имаа епизода од која збеснаа навивачите. Во 51-та минута Алварез погоди за 2:1, а само две минути подоцна Халанд се запиша во листата на стрелците за 2:2. Во 63-та минута Сити веќе водеше, целосен пресврт преку
Марез. Истиот играч во 90-та минута ја искористи грешката на Ленгле и со прекрасен гол става точка на мечот и конечни 4:2.