Фудбал
Хаос во Италија поради „црните книги“: На Јувентус му се одземаат бодови, функционерите добиваат забрана за фудбал?!
Овој петок, Апелациониот суд повторно го отвори случајот со Јувентус поврзан со финансиски малверзации, односно црни книги, во времето на поранешната управа на клубот предводена од Андреа Ањели, Павел Недвед, Федерико Черубини и Фабио Паратичи. Тие првично беа ослободени од обвиненијата дека правеле разни маневри со финансиската состојба на клубот и платите на играчите, односно дека некои земале плата на рака, како и за фалсификување на вредноста на играчите во буџетот.
Затоа овој петок повторно се расправа за овој случај, а јавното обвинителство поднесе обвинителен акт за поништување на ослободителната пресуда која се однесува на Јувентус и уште осум клуба – Сампдорија, Емполи, Џенова, Парма, Пиза, Пескара, Про Верчели и Новара. Исто така, во целата афера, дури 52 директори се обвинети за измама. Сојузниот обвинител Џузепе Сине веднаш го нападна Јувентус и побара итна казна од минус девет бодови на табелата во Серија А, а исто така и забрана за фудбалска дејност на Ањели на 16 месеци, Паратичи 20 и Черубини 10.
Се испитуваат нови елементи на проневера, а пред се познатите „црни книги“ на Паратичи.
Сојузниот апелационен суд ќе треба да донесе одлука најдоцна до понеделник, но сепак ќе има право на жалба до крајниот суд.
Старата дама од Торино веќе еднаш почувствува тешка казна поради малверзации во фудбалот, односно местење натпревари, кога во 2006 година испадна во Серија Б и им беа одземени титулите.