Фудбал
Дали Ромеро „фрла бомби“, Меси нема да продолжи со ПСЖ?!
Еден од највлијателните каталонски новинари Жерар Ромеро попладнево е првиот кој се осмели јавно да го каже спротивното од претходните најави – Лионел Меси во моментов нема да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен!
🗣️ Gerard Romero: “Lionel Messi is closer to NOT renewing with Paris.”
– “Until January 23 2023, Messi does not intend to renew his PSG contract. Winning the World Cup changed his mind a bit.”
– “This does not mean that he will return to Barça or 100% not renew with PSG.” pic.twitter.com/GMbvYybStp
— infosfcb (@infosfcb) January 23, 2023
Ромеро премногу често изнесуваше бомбастични информации, навивачите го паметат и на последниот ден од преодниот рок, 1 септември, кога во текот на целиот ден најавуваше бомба која не се случи до крајот, а тоа требаше да биде Бернардо Силва.
Ромеро подоцна се извини што Жорге Мендеш цел ден се обидуваше да го убеди Сити да ги прифати ратите на Барса и да ја намали цената, но тоа не се случи.
И денес, од никаде, Ромеро тврди – Меси во моментов не е блиску до потпис за Пари Сен Жермен и за тоа наведува три клучни причини:
- Лош однос со обожавателите
- Заштитата што ја има Мбапе
- ПСЖ не му покажа чест по освојувањето на СП и не се чувствува како да припаѓа таму.
Покрај тоа, Ромеро тврди дека Меси се предомислил по освојувањето на Светското првенство и дека бил блиску до останување дотогаш. Ромеро уверува дека односите меѓу раководството на Барселона и опкружувањето на Меси сега се многу подобри и дека Каталонците веднаш ќе тргнат по него доколку тој реши да не го продолжи договорот.
Ромеро истакна дека Меси има понуди од бројни клубови од Европа и дека сака да остане на врвно ниво и дека разделбата со парижаните не мора да значи враќање во Барселона.
Ако она што го откри денеска Ромеро е вистина, тогаш тоа значи дека сме во неверојатна трка за неговиот потпис. Во тој случај Меси би бил слободен од 1 јули.