Connect with us

Фудбал

Не се само Торино, Бетис и Мајорка, Енис Барди има понуда од француски тим (ФОТО)

Речиси сигурно е дека Енис Барди и Трабзонспор ќе се разделат и тоа во јануари, иако пред почетокот на оваа сезона го ангажираше. Турските медиуми се повеќе објавуваат информации за неговата иднина. Откако претходно објавија дека има интерес од Торино, Мајорка и Бетис за неговите услуги, сега наводно во трката се вклучила и француска Ница. Деталите не се познати, но веројатно во наредните денови ќе се знае неговата иднина.