Connect with us

Фудбал

Лацио го “прегази” Милан (ВИДЕО)

Само неколку дена откако доживеа тежок пораз во битката за трофејот цо Суперкупот од Интер со 3:0, Милан доживеа нов тежок пораз. На гостувањето кај Лацио во Рим убедливо е поразен со 4:0. Милинковиќ Савиќ по четири минути игра донесе предност од 1:0, а во 38-мата асистентот на првиот гол Закањи зголемува на 2:0. Во вториот дел нови два гола во мрежата на Милан, Луис Алберто во 67-ма и Фелипе Андерсон во 75-та погодија за убедлив триумф. Лацио сега има 37 бодови и е на трето место, а по толку имаат Интер на четврто и Рома на петто. Милан е втор со 38 бодови, а далеку на врвот е Наполи со 50 бодови.