Connect with us

Фудбал

Ужас, ги преминаа сите граници, срамна увертира за градското дерби на Мадрид (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал и Атлетико ќе го одиграат мадридското дерби во рамките на четврт-финалето на Купот на кралот, а средбата закажана за четврток навечер имаше многу грда увертира. На еден од надвозниците во главниот град на Шпанија се појави транспарент со порака „Мадрид го мрази Реал“, а до него висечка кукла која го симболизира фудбалерот на градскиот ривал.

Куклата која навивачите на Атлетико Мадрид ја закачија покрај транспарентот е облечена во дресот на Винисиус Јуниор, одличното крило на Реал, кој воедно ќе биде еден од главните адути на „кралскиот клуб“ на куп-натпреварот. Талентираниот Бразилец пред само неколку недели се бореше против расистичките скандирања од трибините, а сега се најде на удар на жестоките приврзаници на Атлетико кои направија срамен потег.