Connect with us

Фудбал

„Ел Класико“ битка за чудото од Данска?!

Расмус Хојлунд може да биде следниот Скандинавец кој ќе остави белег во светот на фудбалот.

Има само 19 години, а според шпанските медиуми, околу Данецот ќе се кршат копјата на најмоќните клубови во Шпанија, во вид на Барселона и Реал Мадрид.

Минатото лето Хојлунд дојде во Аталанта, која изброи седумнаесет милиони евра за трансферот од австриски Штурм. Во Грац задоволно ги триеа рацете бидејќи само шест месеци пред тоа го донесоа за 1,8 милиони евра од Копенхаген.

На почетокот на сезоната 21/22 тој не блескаше во редовите на данскиот гигант, но од јануари, откако се пресели во Австрија, на 21 одигран натпревар во дресот на Штурм постигна 12 гола. Добрите резултати веднаш го препорачаа на подобри екипи, борбата за неговиот потпис ја добија избраниците на Гасперини, а се покажа дека „Божицата“ не погреши.

Расмус бележи многу добри игри, што го потврдува интересот на Реал и Барселона. Напаѓачот веќе дебитираше за сениорската репрезентација на Данска, додека на претходните пет натпревари постигна четири гола.