Фудбал
По Роналдо, Тен Хаг полека го исфрла и Мегваер
Се чини дека дефанзивецот Хари Мегваер полека ќе биде истиснат од составот на Манчестер Јунајтед, бидејќи ниту е во прва постава, ниту пак Тен Хаг го гледа како втор избор.
По куп мечот против Ридинг кој Манчестер Јунајтед го доби со 3:1, а на кој Мегваер одигра 90 минути, фудбалерот изрази незадоволство од минутажата.
-Јас сум фудбалер кој има 29 години и во мојата кариера не сум се соочил со вакви ситуации, изјави Мегваер.
Но, Тех Хаг му потача дека од него зависи.
-Хари мора да се бори за својата позиција, тој не е четврти избор. Сè е во негови раце, гледам дека напредува. Ќе мора да почека шанса, тоа се правилата, кажа Тен Хаг.