Фудбал
Што се случува со Милан? Пукна “петарда” на Сан Сиро, убедлив пораз од тим кој се бори за опстанок (ВИДЕО)
Катастрофален пораз на Милан на домашен терен од Сасуоло кој се бори за бегство од долниот дел на табелата со 5:2. Нова лоша партија на тимот на Пиоло, впрочем како црла 2023-та година.
Одбраната на Милан на овој меч беше како “швајцарско сирење”, па Сасуоло секоја посериозна шанса ја претвори во гол.
Дефрел 19-та, Фратези во 21-ва погодија за водство од 2:0. Во 24-та минута Жиру ја враќа неизвесноста барем за кратко,бидејќи Берарди во 30-та погоди за 3:1.
Само што почна вториот дел, пенал за Сасуоло, Лауренте реализира за 4:1. Матеус Енрике погоди во 79-та за 5:1, а во 81-ва Ориги постигна прекрасен гол за конечни 5:2.
Вреди да се напомене дека на Милан се поништени два гола поради офсајд. Прво на Жиру во 8-ма минута, а потоа на Ребиќ во 55-та.
Милан на последните 5 меча во Серија А има два порази, два ремија и една победа и падна на четвртото место. Сасуоло е на 16та позиција.